А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ДОМ: Правилникот за урбано зеленило доследно да се применува

by А1он28/10/2019 - 09:49434
Share0

Локалните советници од зелената партија ДОМ, до секторите за урбанизам во општините и градот Скопје, ќе го достават Правилникот за планирање, проектирање, подигање и одржување на зеленилото, кој стапи на сила на 08.10.2019 година. ДОМ бара доследна примена на овој Правилник како подзаконски акт на Законот за урбано зеленило, при изработка на идната планска документација и издавањето на дозволите за градба.

Добивај вести на вибер

„Со Законот за урбано зеленило, донесен во јануари 2018 година, се воведува целосен систем за планирање, проектирање, подигање, одржување, заштита и реконструкција на зеленилото, финансирање и управување со него, како и надзор над примената на овој Закон.

Во Законот стои обврска за изработка на зелен катастар на сите урбани површини, односно попис на целото зеленило по број, вид и состојба. Внесен е стандардот од 25 м²/жител зелена површина на ниво на град за сите идни Генерални урбанистички планови, како и задолжителен процент зеленило на градежна парцела од најмалку 20%. Во веќе изградени блокови се прави компензација со поставување дрвореди и зеленило во жардињери, на покриви и фасади. Предвидена е строга заштита на постојното зеленило, особено на капиталните примероци, независно од видот на сопственоста.

Доследното применување на овој Закон и Правилник овозможува “зазеленување на урбанизмот”, намалување на аерозагадувањето и климатските промени, поздрав и поквалитетен живот на граѓаните“, соопштуваат од ДОМ.

dom

Би можело да ве интересира

ДОМ: Без итни мерки, стратешките цели нема да донесат чист воздух

Горан Наумовски26/12/2025 - 18:02

Новотни: Во Центар транспарентни одлуки со јавна трага и урбан развој што го става човекот пред привилегиите

Горан Наумовски15/10/2025 - 09:29

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Горан Наумовски18/09/2025 - 12:40

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

Горан Наумовски17/09/2025 - 19:07

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

Горан Наумовски26/08/2025 - 14:41

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски23/08/2025 - 10:4523/08/2025 - 10:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен