ДОМ: Правдата победи, тужбата за клевета од Боров Дол е неоснована

Од:

„Во парничната постапка поведена од Боров Дол ДООЕЛ Радовиш за клевета, донесена е пресуда во полза на политичката партија ДОМ. Во писменото известување од Основниот суд 2 Скопје, со судијата Нухи Рустеми како претседател на советот, тужбата се одбива како неоснована.

Судот оценил дека нема клевета во пренесувањето на јавно достапни информации, ниту пак намера да му се наштети на честа и угледот на тужителот. Дополнително, судот го истакнува правото на слобода на изразување, заштитено според Европската конвенција за заштита на човековите права.

ДОМ смета дека со оваа пресуда победи правдата, а овој случај ќе биде уште еден успех во малубројните еколошки судски случаи во Република Македонија. Треба сите да сфатиме дека еколошките борби се искрени и во интерес на сите граѓани и на животната средина. Наместо по судови, различните, па и спротиставени субјекти и поединци треба јавно да разговараат за тоа како заеднички да ја заштитиме природата и да ги исклучиме штетите од индустријата.

Со правичната пресуда во овој спор исто така се даде сериозен придонес кон зголемување на довербата во судството“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!