ДОМ повикува на заеднички опозициски форум за менаџирање на кризата одвнатре

Од:

„ДОМ ги повикува сите партии и граѓански организации кои се учесници во антивладините демонстрации во најкус можен рок да седнат на заеднички опозициски форум, за менаџирање на кризата одвнатре. ДОМ се обраќа до учесниците на Платформата за демократска Македонија, групата центар-десни партии, како и до граѓанските организации од „Протестирам“.

По двонеделни демонстрации низ целата земја, време е да се остварат конкретни политички резултати во самите институции. Не треба да се чека некој однадвор да го одработи тоа за нас, туку до решението на кризата треба да дојдеме ние самите. На ваков начин ќе се оствари барањето за активно вклучување во преговорите не само на ДОМ, туку и на други политички и граѓански субјекти.

Придобивките ќе бидат повеќекратни: 1)процесот ќе стане инклузивен со учество на сите субјекти кои реално се борат за демократски промени; 2) ќе се збогати понудата на идеи; 3) ќе се измести неправедниот сооднос 1 спрема 3 од преговарачката четворка, во полза на опозицијата.

Овој опозициски форум може да биде успешна формула за градење посилна преговарачка позиција со меѓународните посредници во кризата, наместо  застапувањето од само една партија. Ова ќе ја зајакне опозицијата и внатре во земјата, надминувајќи го отпорот на дел од граѓаните кон политичарите воопшто.

Ваквиот „шарен “опозициски форум ќе покаже дека во Македонија има критична маса одговорни и разумни луѓе без суета, способни да ги утврдат приоритетите и методите на делување во наредниот период. Зашто сметаме дека токму следниве неколку месеци се клучни за повеќе процеси: правна разрешница на аболицијата, судско процесуирање на предметите на СЈО, стопирање на одлевањето на капиталот од земјата, прочистување на избирачкиот список и други подготовки за демократски избори, како и низа важни процеси и активности поврзани со претстојната општествена транзиција на земјата“, соопштуваат од ДОМ.

 

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски