ДОМ: Потребна е зелена, а не градежна експанзија во Расадник

Од:

Зелената партија ДОМ, остро се спротивставува на предложениот ДУП за Расадник. Оттаму апелираат до сите советници во општина Кисела Вода, да го следат јавниот интерес за хумано и квалитетно живеење и да не го усвојат ДУП-от.

„Според објавените информации во медиумите, во оваа населба се планира изградба на 100 згради во кои би можело да се вселат околу 20.000 станари. Тоа е соодветно на вкупниот број жители на еден помал град, како Делчево или Ресен! Предложениот ДУП неколкукратно ја надминува густината на жители предвидена со ГУП-от на град Скопје. Според Законот за просторно и урбанистичко планирање, ДУП-от мора да е во согласност со ГУП-от.

Дополнителен проблем би претставувало и обезбедувањето соодветна комунална и сообраќајна инфраструктура за толку голем број жители.

Укажуваме и на обврската за почитување на одредбите од Законот за урбано зеленило, за заштита на зеленилото и обезбедување најмалку 20% зеленило на градежна парцела.

Имајќи го предвид ургентниот проблем со аерозагадувањето и климатските промени, ДОМ предлага наместо градежна, зелена експанзија во Расадник. Наместо нови згради, да се направи парк во овој дел на градот“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Да продолжи отстранувањето на дивоградбите покрај Охридското Езеро

Ана Ололовска

ДОМ: Дали е поднесена жалба за Иловица?

Ана Ололовска

ДОМ: Итна жалба на пресудата за Иловица

А1он

ДОМ: Обвинителството да ја преиспита одлуката за градоначалникот на Сарај

Ана Ололовска

ДОМ: Со Уредба на Владата ќе се отстрануваат дивоградбите на плажите во Охридскиот регион

Ана Ололовска

ДОМ: 5 јуни – Меѓународен ден на животната средина

Ана Ололовска