ДОМ: Помали сметки за струја од 50 до 80 отсто

Од:

ДОМ во сите општини во Македонија ќе се залага за намалување на сметките за потрошена електрична енергија, преку субвенционирање на домаќинствата кои ќе вложат во инсталации од обновливи извори на енергија или ќе сакаат да ја подобрат енергетската ефикасност на нивните објекти.

– На овој начин сметките можат да се намалат од 50 до 80%.  Истото се однесува и на објектите од јавен карактер – болници, училишта, градинки, за кои предвидуваме енергетска санација, изјави Александар Анѓушев од ДОМ.

За реализирање на таа цел ќе бидат отворени канцеларии во општините во кои ќе се едуцираат и обучуваат кадри, кои ќе бидат инволвирани во остварувањето на зацртаната цел.

– Со ова ќе потпомогнеме да се креираат нови зелени работни места во енергетиката и во градежништвото, рече Анѓушев.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов