ДОМ: Поканата за НАТО е мотив за спроведување на реформите

Од:

„ДОМ ја поздравува добиената покана за членство на Македонија во НАТО. Поканата овозможува реализирање на цврстата определба на огромното мнозинство граѓани, нашата држава да биде полноправна членка на НАТО алијансата. Со членството во НАТО се зацврстува безбедноста и стабилноста на македонската држава. Истовремено, тоа придонесува за значителен економски просперитет и благосостојба.

ДОМ е уверен дека добиената покана за членство во НАТО ќе претставува силен мотив за сите чинители во македонското општество, без разлика на партиската, етничката, религиската и било која друга припадност, посветено и одговорно да придонесеме за реализирање на неопходните реформи, во интерес на граѓаните и државата“ се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација