ДОМ: Поддршка за одлуките на Владата за зачувување на природното и културното наследство

Од:

Зелената партија ДОМ ја поздравува одлуката на Владата за координирани инспекциски надзори врз градбите во крајбрежјето на општините Охрид и Струга, вонредна ревизија на легализацијата на бесправно изградените објекти во општина Струга и инспекциски надзор врз работите на ревитализацијата на Старата скопска чаршија.

„Оваа одлука се надоврзува на нашите заложби за спречување недозволени градежни активности во крајбрежјето на Охридското Езеро и надминување на конзерваторските пропусти при ревитализацијата на Старата скопска чаршија.

Бараме, во согласност со Законот за инспекциски надзор, да се објават резултатите од спроведените координирани инспекциски надзори врз градежните активности или несоодветната пренамена на земјоделско земиште во крајбрежјето во општините Охрид и Струга, како и од извршениот надзор врз работите на реконструкцијата на Старата скопска чаршија“, соопштуваат од ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов