ДОМ: Поддршка на референдумот против рудникот Иловица во Ново Село

Од:

„ДОМ ги поддржува граѓаните на Ново Село да излезат на референдумот против рудникот за злато Иловица и да му кажат одлучно НЕ! Оваа земјоделстка општина не е место за валкани технологии кои трајно ќе ја уништат животната средина и здравјето на луѓето.

Наместо рудник со цијанидни раствори, граѓаните имаат шанса да изберат здрав живот со практикување модерни и чисти технологии, како што се ветерници, сончеви панели за топла вода и производство на струја, современо органско земјоделие и преработка, рурален туризам како и информатички технологии. Дел од оваа зелена економија веќе се применува во регионот, а има огромни можности за проширување, со силна поддршка од домашниот буџет и европски фондови за рурален развој.

Конечно, во Македонија мора да се напушти принципот на било какво вработување, па и по цена на здравјето, какво што нудат поддржувачите 0на отворање рудници со валкани технологии. Вистинските потенцијали на Струмичкиот регион и на сите наши региони, лежат во чистата и одржлива зелена економија, која обезбедува и работа, и здравје!“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

Македонското рударство стагнира додека регионот инвестира – Иловица останува најголемата неискористена можност

Рударството нуди високи примања, но стотици потенцијални работни места остануваат само на хартија

Шпанија повторно отвора рудник по четири децении – локалните жители ќе имаат предност при вработување

Светот останува без бакар, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица

Научната јавност: Современото рударство не треба да се поистоветува со старите технологии

МАНУ потврдува бакарен потенцијал на Македонија, светските анализи предупредуваат на недостиг од металот