ДОМ почнува кампања против ГМО

Од:

Демократската обнова за Македонија започнува кампања против генетски модифицираната храна (ГМО) која претставува потенцијална опасност по здравјето на луѓето и закана за животната средина.

– ДОМ го дели ставот на зелената опција во Европа и ширум светот дека генетски модифицираната храна, добиточна храна, семе и семенски материјал претставуваат закана за животната средина и потенцијална опасност по здравјето на луѓето и нивното потомство.

– Затоа ДОМ е против употребата на ГМО и се залага за употреба на домашни автохтони сорти и исхрана со здрава храна, истакнуваат од ДОМ.

Кампањата, како што информира ДОМ, има за цел консултација на експерти од оваа област, анализа на законската регулатива во Република Македонија и Европа, како и контрола на присуството на ГМО и примена на позитивни странски искуства.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација