ДОМ: По три години, победа над рударското лоби за Иловица

Од:

„ДОМ изрази задоволство од одлуката на Министерството за економија да не издаде одобрение за експлоатација во рудникот Иловица. Ова е победа на екологистите од Струмичко, но и од целата земја, над моќното рударско лоби. Ова е победа на аргументите за здрав живот и здрава животна средина, над профитот на група луѓе. БРАВО ЗА СИТЕ БОРЦИ кои ја бранеа планината од уништување!

ДОМ застана ПРОТИВ опасните рудници со цијаниди и сулфурна киселина точно пред три години, на 23 јуни 2016 година, преку учеството и искажаниот протест на нашиот прерано заминат колега и портпарол, Тони Ристов, на јавната расправа за Студијата за оценка на влијанието врз животната средина на рудникот Иловица. Следеа нашите писмени забелешки, по што започнавме кампања за информирање на граѓаните за опасностите од вакви површински рудници, која продолжи во изготвување на Законот за минерални суровини, подготвен од пратеничките на ДОМ, а изгласан од пратениците на коалицијата. Ги поддржавме сите протести на граѓанските иницијативи, а паралелно водевме и општа кампања за алтернативни решенија за одржлив развој преку зелената економија.

ДОМ сега поспокојно го чека следниот чекор, кога Владата треба поради правни причини да ја одземе концесијата, по примерот на Казандол, Валандовско. Потоа треба да следи ревизија и на останатите руднички концесии, во согласност со измените на Законот за минерални суровини. Мора да се испочитува забраната на цијаниди и сулфурна киселина, како опасни загадувачи на животната средина“, соопштуваат од ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов