ДОМ: По Иванов и Вељаноски долеа масло на огнот!

Од:

ДОМ го осудува потегот на Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, за распишување избори на 5 јуни – без пречистен избирачки список, без регулирани медиуми, во зовриена состојба на улиците.

По групната аболиција на Иванов, со овој потег и Вељаноски долеа масло на огнот!

Бараме од него да покаже рационално и одговорно однесување, имајќи го пред себе барањето на огромното мнозинство граѓани на Македонија за стабилизирање на политичката состојба, а не заштита на интересите на мала група политичари кои ја злоупотребиле власта.

„Претседателе Вељаноски, со последната капка надеж Ве замолувам да нѐ изненадите и да свикате седница на Собранието, за да се отповикаат одлуките за распуштање и за избори и да започнеме постапка за импичмент на Претседателот! Само така може да се вратат работите во институциите, каде низ разумна дебата ќе се договориме што да правиме понатаму. Можеби има можност оваа полудена ситуација на аномија, на невладеење на правото, да ја свртиме во спротивна насока, во интерес на Македонија!“ вели Лилјана Поповска, пратеничка и претседателка на ДОМ.

Би можело да ве интересира

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог