ДОМ: Осуда на заканите до пратениците и до сите со различен став

Од:

„ДОМ ги осудува заканите упатени до пратениците Стево Пендаровски, Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ, како и до сите граѓани кои се членови или поддржувачи на опозиционите партии.

Неприфатлив е методот на етикетирање, навредување и закана за безбедноста на било кој граѓанин од страна на поединци или групи, независно дали го прават ова по своја воља или по инструкции. Тоа се акти на вербално насилство, подеднакво штетни и опасни како и директните напади до новинари и видни опозиционери што им претходеа.

Поразително е што ова се прави под превезот на патриотизам и заштита на државата. Не е патриотизам да му се заканиш некому, да го навредиш или да го повредиш поради различен став! Тоа е директна негација и деградација на патриотизмот, што е благородно чувство на љубов кон својата земја и своите сограѓани! Патриотизмот подразбира и почитување на своите сограѓани, со сите нивни различности во изглед, потекло и мислење. Патриотизмот подразбира и толеранција на различностите и на различните мислења, како и спремност за цивилизиран разговор и дебата.

Ги повикуваме сите граѓани, организации и партии да се воздржат од насилство во која и да е форма и да овозможат институционална разрешница на кризата. Само тоа е во интерес на Македонија и на нејзините граѓани“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака