ДОМ организира акција за чистење на дива депонија во Кисела Вода

Од:

„Во сабота, на 15 Септември, на Светскиот ден на чистењето отпад, ДОМ ќе се вклучи во кампањата за чистење во која учествуваат сите зелени партии во Европа.

По тој повод, ДОМ организира акција за чистење на дивата депонија зад маркетот Супер Тинекс, на улица Борис Трајковски во општина Кисела Вода, со почеток во 10 часот. Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да се приклучат во акцијата и да придонесат за почиста и поздрава животна средина.

Целта е да се подигне еколошката свест, да се купуваат што помалку пластични производи за еднократна употреба, отпадот да се селектира и рециклира и да се одложува исклучиво на местата одредени за таа намена“ се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!