ДОМ: Одземањето на концесиите за каменоломи – спас за Јабланица

Од:

ДОМ веќе го поддржа протестот на жителите на струшкото село Лабуништа и побара од Државниот инспекторат за животна средина итно на терен да го утврди степенот на загаденост на воздухот со ПМ 10 и ПМ 2,5 честички и степенот на загаденост на водата и почвата, информира партијата преку соопштение.

„ДОМ побара и изготвување на Стратешка оценка за влијанието на ископите на планината Јабланица врз животната средина.

Како зелена партија ДОМ уште еднаш укажува дека планинскиот масив Јабланица е еден од најубавите на Балканот и дека е отпочната иницијатива за негово прогласување за нацонален парк, како што е тоа случај со делот што и припаѓа на Албанија. Јабланица има извонредни природни убавини и вредности, богат биодиверзитет и место каде што опстојува рисот, како загрозен вид.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов