ДОМ: Обвинителството да ја преиспита одлуката за градоначалникот на Сарај

Од:

Од зелената партија ДОМ велат дека се „длабоко разочарани од одлуката на Јавното обвинителство да не ја прифати иницијативата на Антикорупциската комисија за испитување на законитоста на работата на градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети“.

„Даваме целосна поддршка на ставот на Антикорупциската комисија за преиспитување на одлуката на Обвинителството и контрола од повисоките инстанци. Потсетуваме дека на почетокот на минатата година, Инспекторатот на град Скопје изврши инспекциски надзор со кој констатираше дека платформите на Матка се бесправно изградени. Антикорупциската комисија утврди дека градоначалникот на Сарај и покрај законската обврска не ги одбил барањата за легализација и со своето непостапување го оневозможил отстранувањето на дивоизградените платформи на Матка. Со тоа, тој дозволи узурпација на природното наследство во заштитеното подрачје-споменик на природата Матка, за што мора да има одговорност“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов