ДОМ нуди интервентна помош

Од:

1) ДОМ нуди интервентна помош за најранливите категории, предност имаат мајки со бебиња и деца до 3 години. За првите 20 лица што ќе се јават на телефон 076/311-601, обезбеден е престој во хостел со оброци во следните 10 дена. Ова е ургентна интервенција за дел од оние што немаат услови за живеење во нивните домови уништени од поплавите. Тие се соочени со зарази, воспаление на белите дробови и други болести, зашто деноноќно престојуваат во влажни простории, во близина на загинати животни во распаѓање, без вода и струја. ДОМ ќе се фокусира на донации во детска храна, млеко, пелени, облека и хигиенски производи.

2) Свесни дека оваа наша помош е само капка во морето, им сугерираме на институциите да организираат итна евакуација на населението во суви и чисти простори, најмалку за време на ноќите. На располагање стојат студентските и средношколските домови, кои во овој период се празни. Таму може полесно да се организираат и кујни, како и посети на лекари и социјални работници. За тоа време многу поедноставно ќе се расчистат поплавените куќи и ќе се санира штетата.

3) ДОМ исто така сугерира, од страна на институциите за постапување во случаи на катастрофи да се организираат два вида формации: волонтерски и со платени дневници, за да се обезбеди потребната работна рака за расчистување на калта и разурнатите домови, но и за приготвување и делење храна, вода, млеко и други производи организирано од куќа на куќа. Сево ова МОРА ДА БИДЕ КООРДНИНИРАНО, за да стигне помошта брзо и ефикасно онаму каде што е потребна.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски