ДОМ незадоволна од медиумското покривање на нејзините кандидати

Од:

ДОМ денеска на прес-конференција изрази незадоволство од, како што беше речено, нејзината скромна застапеност во медиумите во текот на изборната кампања за локалните избори 2013.

– Зошто некој смета дека 777 кандидати за советници од ДОМ од 43 листи не се доволно битни за да бидат солидно претставени во медиумите? Забележавме дека сме многу скромно застапени гледано во просек иако мора да кажеме дека има три вида медиуми – некои целосно  и соодветно не покриваат, други делумно, а трети апсолутно не не покриваат, реагираше претседателката на ДОМ Лилјана Поповска.

Поповска информира дека партијата  минатата недела упатила писмо до Советот за радиодифузија во кое ги изнела забелешките.

– Прашавме и замоливме да биде проверено колку медиумски простор му следува на секој политички субјект на овие локални избори, а доколку има некое отстстапување да укажат на тоа. Оттогаш не забележавме некоја битна промена, затоа и јавно го поставуваме ова прашање, истакна Поповска.

Советот за радиодифузија усно одговорил дека анализите ќе ги прави по изборите.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов