ДОМ: Не се исполнети условите за демократски избори и треба да се одложат

Од:

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, на дебатата организирана од ЦИВИЛ,и посветена на актуелната политичка состојба во Македонија, предложи одлагање на датумот 5. јуни за одржување избори. Очигледно е дека до тој датум нема да бидат исполнети двата основни услова, а тое е прочистен избирачки список и регулирање на медиумите.

„Во ваква сериозна ситуација ние имаме несериозни институции и избирачки список кој не се знае дали е истиот од минатите избори или некој друг и дали тој список ја отсликува реалната состојба и реалните бројки во земјава, па затоа и граѓаните ја губат довербата во нив“, нагласи претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска.

Таа ја критикуваше работата на ДИК и единаесете институции кои ги доставија базите на податоци, полни со нерегуларности. На овој начин овие институции како да си бијат мајтап со граѓаните, ставајки многу личности познати на јавноста во список на спорни гласачи. Истовремено на тој список од 89000 „спорни гласачи“ ги нема иселените, починатите и измислените лица во туѓи станови, амбасади и бензински пумпи.

Поповска изрази уверување дека македонија има капацитет за средување во таа насока доколку во следниот период до есента институциите работат слободно и професионално.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација