ДОМ најави реализација на пет приоритети во првата година на новата влада

Од:

Носење закони за зеленило и за квалитет на почвата се приоритети на ДОМ за првата година од работатат на новата влада, истакна денеска на прес-конференција претседателката на партијата Лилјана Поповска.

Таа посочи дека во предизборниот договор со ВМРО – ДПМНЕ биле договорени пет програмски заложби за заштита на животната средина.

– Носење закони за зеленило  и за квалитет на почвата во првите 100 дена, што ќе значи институционална заштита на зеленилото во градовите, но и поинакво урбанистичко планирање, со загарантиран процент зеленило на ниво на град и парцела и контрола на почвите, отстранување на загадениот дел и садење чисти почви, како гаранција за здрава храна, рече Поповска.

Според неа, ќе се преземат мерки престанок на загадувањето од големите загадувачи и деноноќно следење на нивната работа. До крајот на првата година, Поповска вети зајакнување на системот за мониторинг и контрола на квалитетот на воздух, вода и почва, преку доекипирање на инспекторатите за животна средина со луѓе, опрема и мерни станици, целодневно и во викенди и целосно решавање на отпадот во Македонија. Почнувајќи од современи депонии, преку ефикасен систем за собирање електронски отпад, батерии и акумулатори, со посебен акцент на опасниот отпад.

– ДОМ ќе продолжи да работи и на останатите наши приоритети како што се социјална правда, еднакви можности за сите, посебно за маргинализираните групи, за развој на науката и културата, натамошен пробив на обновливите енергии, енергетска ефикасност и туризмот, борба против ГМО, заштита на природните реткости и ред други теми од зелената агенда, нагласи Поповска.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов