ДОМ на семинар со Европските Зелени гради изборна кампања

Од:

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) во текот на овој викенд во Скопје одржува семинар на кој ја гради својата изборна кампања за изборите во април, со помош на Европските Зелени и експерти од Германија и Холандија, соопштија денеска од партијата.

Ова, како што се посочува во соопштението, е дел од подготовките за самостоен настап на ДОМ, на кој ќе ја претстави зелената политичка агенда. Дефинирани биле тематските приоритети и методите за настапување во сите шест изборни единици.

– Учесниците на семинарот ја поздравија веста за исходот од Светскиот самит за климатски промени во Париз, каде за прв пат се постигна договор на сите држави за намалување на емисиите на ЦО2 за да се  спречи покачувањето на температурата над 2 степени Целзиусови на светско ниво и над 1,5 степени на национално ниво. Најголем успех е договорот за напуштање на фосилните горива до 2050 година, но голем предизвик ќе биде исполнувањето на овие цели, посебно од страна на најголемите земји-загадувачи, што ќе значи продолжување на борбата на зелените активисти од целиот свет, се истакнува во соопштението од ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата