ДОМ: На повидок решение за колекторот на Охридското Езеро!

Од:

ДОМ ја поздравува одлуката на Владата за формирање јавно претпријатие за управување со колекторот на Охридското Езеро, што е почеток на крајот на долгата агонија на претпријатието „Проаква“, кое досега беше задолжено за неговата изградба и одржување.

„За ова ново претпријатие да даде резултат, потребен е соодветен буџет за доизградба и поправка на оштетените места на колекторот. Токму затоа пратеничките од ДОМ имаа предложено амандман на Буџетот, со 11 милиони евра за оваа намена, според изготвена проектна документација.

Ако пак, се планира добивање средства од донатори, тогаш повторно државата треба да има обезбедено барем дел од потребната сума во посебна ставка, како свое сопствено учество и како доказ дека колекторот го смета за свој приоритет.

Затоа уште еднаш апелираме до Владата да направи измени во Буџетот пред неговото поднесување на пленарна собраниска седница, со кои ќе одвои дополнителни средства за колекторот на Охридско Езеро, пречистителната станица за Дојранско Езеро, како и за програмата против загадувањето на воздухот“, соопштуваат од ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација