ДОМ на Конгресот на Глобалните Зелени и Европските Зелени

Од:

„На светскиот Конгрес на Глобалните Зелени и Европските Зелени што се одржува од 30 март до 2 април во Ливерпул учествува делегација од ДОМ во состав: Лилјана Поповска, претседателка на ДОМ, Маја Морачанин, пратеничка и претседателка на Форумот на жени на ДОМ и Милан Николовски, член на претседателството на младинската организација на ДОМ – МОДОМ.

Ова е најголем настан до сега, на кој присуствуваат над 2500 учесници и истовремено претставува годишен собир на Глобалните Зелени и Европската Зелена Партија. На овој Конгрес учествуваат и младите Зелени активисти од целиот свет, организирани преку Младите глобални зелени и Федерацијата на европските млади Зелени.

Во фокусот на оваа средба се актуелните случувања на глобално ниво и стратегијата на Зелените партии, активистите и избраните функционери во справувањето со сите еколошки и демократски предизвици во светот. Учесниците од целиот свет имаат можност да споделат добри практики и искуства од своите земји, но и да дискутираат за клучни прашања како одржливата иднина, родовите прашања и активното учество на младите во политиката.

Делегацијата од ДОМ оствари средби со Генералниот секретар на Европската Зелена Партија Мар Гарсија, и ко-претседателот на Европската Зелена Партија Рајнхард Бутикофер, како и со претставниците на Зелените партии и фондации, на кои дискутираа за состојбите во земјава и регионот и придонесот на ДОМ во понатамошните демократски процеси и одржливиот развој“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски