ДОМ на конференцијата „Зелена мобилност за здрави градови” во Рим

Од:

Делегација на ДОМ во состав Маја Морачанин и Емил Крстески учествува на конференцијата “Зелена мобилност за здрави градови”, организрана од Европските Зелени на 22 и 23 октомври во Рим.

Целта на конференцијата е споделување на најдобрите европски искуства во намалувањето на аерозагадувањето и подобрување на мобилноста во градовите. Зелени, пријатни и чисти градови мора да станат вистински политички приоритет. Со подобар јавен транспорт може да се намали сообраќајниот метеж, аерозагадувањето и загадувањето од бучава.

Последниве децении станува се поважно како да се “зазеленат” градовите, зашто преку 50% од популацијата живее во градови. За таа цел се смени пристапот во просторното планирање и урбанизмот, па така слободниот простор, зеленилото, просторите за рекреација, пешачките и велосипедските патеки станаа императив во проектирањето и градењето. Секоја година се води силен натпревар помеѓу европските градови за престижната титула “зелен град”, зашто тоа му дава поголема вредност на градот во секоја смисла и во поглед на квалитетот на живот на жителите и во поглед на развојот на туризмот.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски