ДОМ на годишно собрание на Европските зелени во Белгија

Од:

Делегација од раководството на ДОМ во состав; Лилјана Поповска, Маја Морачанин, Христа Најданов, Ервин Реџепагиќ и Ана Угринска викендов учествува на годишното собрание на Европските Зелени, што се одржува во Антверпен, Белгија.

На тридневната сесија се говори за иднината на Европа, со нагласка на социјално-економските прашања, како и за улогата и подготовките на зелените партии за претстојните избори за Европскиот парламент, закажани за идната пролет.

Се дискутира за трансформација на европските градови во зелени функционални средини, за ефикасно справување со загадувањето со пластичниот отпад, за климатските промени и обновливите извори на енергија, како и за предизвиците на пазарот на трудот и за родовата еднаквост во јавниот живот. Споделени се позитивните пракси на зелени градови како Виена, Утрехт, Антверпен, Гент и други.

На ова собрание ќе стане збор и за балканското поврзување на зелените партии во насока на успешно регионално спроведување на зелените политики, каде што ДОМ има активен придонес, соопштуваат од ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација