ДОМ: Можноста за амнестија за изборни криминали е закана за принципот на правда

Од:

ДОМ смета дека со последната одлука Уставниот суд застана зад изборниот криминал во очи на новите избори. Можноста за амнестија на сторителите на изборни криминали претставува закана за принципот на правда и дополнително ја намалува и онака веќе сериозно разнишаната доверба на граѓаните во судскиот систем, стои во денешното соопштение од ДОМ.

– Застрашувачки е фактот дека не само што веќе осомничените или осудените за изборен криминал ќе можат да бидат амнестирани, туку се охрабруваат и злонамерните во иднина да вршат изборен криминал. Уште повеќе, оваа експресна постапка  се спроведува во период кога се вложуваат максимални напори да се овозможат фер и демократски избори кои ќе водат кон разрешување на  политичката криза. Можноста за амнестија на изборните криминалци е закана за мирното разрешување на кризата и ја турка Македонија во уште подлабока политичка, но и безбедносна криза, се вели во соопштението од ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата