ДОМ: Македонија да биде ГМО-слободна зона

Од:

Демократската обнова на Македонија-ДОМ го поздрави заклучокот на Владата да се пристапи кон измени и дополнување на  правната рамка со цел децидно да се спречи увоз на генетски модифицираните организми (ГМО).

Цела Македонија да биде ГМО-слободна зона и да го стимулира органското производство и еко-туризмот, побара ДОМ на вчерашната конференција за заштита од ГМО.

ДОМ предлага ЗЕЛС да го продолжи процесот каде општините преку своите локални совети ќе прифатат декларации за ГМО-слободни зони. Досега вакви декларации прифатиле Велес, Охрид, Чашка, Могила, Василево и Валандово. На ваков начин од присуство на ГМО се заштитени цела Грција, Австрија, скоро цела Италија и делови од Унгарија, Германија, Франција.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Без итни мерки, стратешките цели нема да донесат чист воздух

Новотни: Во Центар транспарентни одлуки со јавна трага и урбан развој што го става човекот пред привилегиите

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски