ДОМ: Кој го краде паркот на Теодосиј Гологанов?

Од:

ДОМ го прашува Градот Скопје и општината Карпош да и кажат на јавноста за која цел денеска се дига ограда во паркот помеѓу ул.-те Теодосиј Гологанов и Јуриј Гагарин, спроти Веро? Кој го краде паркот што го направи Градот и што тоа им се спрема на жителите од Карпош?

„Тој парк е омилена зона за рекреација на граѓаните и нивните миленичиња, а неколку години по ред токму таму се организираше садење на Денот на дрвото, со посебно атрактивни цветни инсталации. Дали беше тоа само за сликање? Дали надлежните процениле дека сега, на еден ден пред распуштање на Собранието, е право време за уништување на паркот и инсталирање нова бетонска градба? Дали некој ги следел загадувањата на воздухот во Карпош, кои се меѓу највисоките во градот?

Ете ова се случува, кога бизнисот е поважен од здравјето на луѓето! Затоа ни треба Закон за зеленило кој институционално ќе го заштити зеленилото, со обврска за 25м2/жител на ниво на град и 10-30% зеленило на градежна парцела! ДОМ не го признава за закон текстот кој неодамна помина во Собранието под тоа име, текст без утврдени стандарди и нормативи за зеленило, без измени на постоечките скандалозни закони за урбано планирање и градење, кои се сервилни кон инвеститорите, а безмилосни кон граѓаните и јавниот интерес“, соопштуваат од ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски