ДОМ ќе се бори против загадувањата на Гази Баба и Бутел од тешката индустрија

Од:

Носителите на листите на ДОМ од Град Скопје, Гази Баба и Бутел, Денко Скаловски, Мирослав Богдановски, Златко Јордановски и претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска денеска ги посетија „Скопски легури“ да се информираат за тоа какви еколошки мерки имаат досега преземено.

Лилјана Поповска најави дека сооветниците на ДОМ ќе бидат дежурна еко-патрола во советите, ќе го контролираат работењето на инспекторите во општините и во Градот кои ги има вкупно 12 и ќе инсистираат тие да бидат подобро опремени и со луѓе и со возила и да реагираат навремено на лице место или до Министерството за екологија.

Според Јордановски, посетата е реализирана поради поплаките на граѓаните од Бутел и Гази Баба на загадувањето што доаѓа од локалитетот Железарница.

Во Скопски легури нагласија дека сите металуршки комбинати би биле подготвени за поголеми инвестиции во екологијата доколку се обезбеди владина поддршка за поволни кредити.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември