ДОМ: ЈСП да овозможи континуиран автобуски превоз, од 5 до 19 часот

Од:

Зелената партија ДОМ апелира ЈСП Скопје да овозможи континуиран автобуски превоз за граѓаните, во периодот од 5 до 19 часот, кога нема полициски час.

„Граѓаните реагираат дека сегашниот возен режим на автобусите од јавниот градски превоз, во две смени од 5 до 9 и од 13 до 19 часот, го отежнува завршувањето на нивните обврски. Во некои случаи чекаат и по 2-3 часа, да започне втората смена од возниот ред, за да можат да го користат јавниот превоз“, велат од ДОМ.

Од Партијата сметаат дека континуираниот градски автобуски превоз ќе придонесе и за намален број патници во еден автобус, што е во согласност со мерката за одржување физичка дистанца, поради заштита од корона вирусот.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов