ДОМ ја продолжи кампањата „Еколошка безбедност за Балканот – Спремен одговор за климатските промени“ со советување на зелените партии од Балканот.
На советувањето, партиите од Србија, Албанија, Бугарија, Црна Гора, Турција и Хрватска, формираа Коалиција за еколошка безбедност на Балканот.
Претставени беа проблемите и последиците од климатските промени во секоја од земјите со анализа на подготвеноста на институциите да одговорат на нив и да ја подобрат еколошката безбедност.
– Подигнување на свеста кај политичките субјекти и населението за еколошката безбедност, лобирање кај одговорните иституции за повеќе буџетски средства за справување со климатските промени и еколошките катастрофи, како и формирање соодветни институции за спречување и справување со климатските промени во земјите каде што не постојат, зајакнување на институционалната соработка, меѓу експертите и невладиниот сектор од балканските земји за изготвување и усвојување платформа за справување со климатските промени, развој на информациската мрежа и поврзување во регионален систем, мапирање институции, документи и активности поврзани со еколошката безбедност на национално и регонално ниво, се само дел од заклучоците на советувањето, соопшти ДОМ.
Кампањата на ДОМ ја поддржаа осум партии од седум земји. Зелените преземаа обврска во наредните неколку месеци да организираат средби со одговорните институции, претставници од невладиниот сектор, експерти, со цел подобра подготовка за претстојната конференцијата за еколошката безбедност.
Активностите на ДОМ за справување со климатските промени се поддржани и од претседателот Ѓорге Иванов.