ДОМ ја поднесе кривичната пријава против Макстил

Од:

Партијата Демократската обнова на Македонија (ДОМ) денеска соопшти дека поднела кривична пријава против Макстил за кривичните дела загадување на животната средина и природата и загрозување на животната средина со отпадни материи.

Пријавата, како што се наведува во партиското соопштение, се повикува на прекршување на Законот за животна средина (член 138, став (1) за непочитување на рокот 01.04.2014год. за еколошките прилагодувања) и Уставот на РМ (член 43 став 2 кој што гласи: „Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата“).

Во текот на утрешниот ден ќе биде поднесена и кривична пријава против „Југохром“ во Основно Јавно Обвинителство – Тетово, соопшти ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов