ДОМ ја поддржува Европската недела на мобилност

Од:

ДОМ ја поддржува европската манифестација „Европска недела на мобилност“, која годинава се одржува под слоганот „За чист воздух! – Ти си на потег!“ и  ги повикува сите граѓани активно да се вклучат во одбележувањето на манифестацијата и да придонесат во успешноста на манифестацијата и исполнување на официјалниот слоган за цела Европа.

Според ДОМ, на овој начин граѓаните ќе ја покажат својата грижа за животната средина, ќе ги поддржат политиките и активностите за одржлив транспорт во урбаните средини и ќе ја покажат својата европска определба.

– ДОМ со години наназад води кампања за подобрување на транспортот во Скопје и Македонија. Имаме конкретни предлози за поголема употреба на велосипедите во урбаниот транспорт, подобрување и изградба на сообраќајна инфраструктура за велосипедистите и подигање на јавната свест на граѓаните за значењето на велосипедот, нивното здравје и намалувањето на загадувањето со кое сме соочени, наведуваат во соопштението.

Додаваат дека најголемото загадување на Скопје е од издувните гасови на автомобилите и затоа во изминатите години бараа повеќе велосипедски патеки и креирање зелени велосипедски коридори, обележување простор за велосипедисти на сообраќајниците, зголемување на бројот на пунктови за издавање велосипеди и нивно работење во текот на целата година, воведување пешачки зони во централното градско подрачје, создавање Зелена зона која предвидува забрана за движење на автомобили низ централното градско подрачје.

Би можело да ве интересира

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог