ДОМ: Итна жалба на пресудата за Иловица

Од:

Зелената партија ДОМ ги повикува Министерството за економија и Државниот правобранител, во рок од 15 дена по завршувањето на вонредната состојба, да поднесат аргументирана жалба на пресудата на Управниот суд за рудникот Иловица. Има повеќе од доволно аргументи за оспорување на пресудата, за потоа да се потврди одлуката на Владата за одземање на концесијата.

„Прво, Управниот суд овозможил ПРАВНО ДЕФОКУСИРАЊЕ во полза на рударската компанија. Судот пресудил дека второстепената владина комисија направила наводни „грешки во постапката“, кога ја одбила жалбата за одземање на концесијата на компанијата. Судот и дава за право на компанијата дека надлежниот орган требало првин да и одговори на старото барање за спојување на двете концесии, Иловица 6 и Иловица 11, па дури потоа да решава за дозволата за експлоатација!? Ова барање за спојување е од 29.1.2016 година, а компанијата до денешен ден нема комплетна документација неопходна за добивање дозвола за експлоатација. Каде е тука грешката?

Второ, со ова дефокусирање, Судот избегнува да се наврати на аргументите со кои е одземена концесијата, а кои се совршено логични и конзистентни. Владата ја одзеде концесијата за рудникот Иловица на 16.12.2019 година поради прекршување на Договорот за концесија. Имено, ни по 7,5 години (од 16.6.2012 година) од доделувањето на концесијата и по 5, односно 4,5 години (од 23.9.2014 година и од 22.6.2015 година) од потпишувањето на Договорот и Анексот на договорот, концесионерот немаше обезбедено потребни документи, ниту поднесено барање за издавање дозвола за експлоатација, а рокот изнесува 4 години (како што стои во владината одлука за прекин на договорот).

Трето, останува непознато како можел судот да влезе во формално толкување на жалбата од концесионерот, без суштинска анализа на податоците кои се клучни, а тоа се документите пропишани со закон, кои концесионерот НИКОГАШ ги нема комплетирано.

Четврто, посебен проблем се студиите за оценка на влијанието врз животната средина, кои се најважни документи во случај на експлоатација на минерални суровини. Постои т.н. Студија за Иловица 6, која не е донесена според закон, зашто не била воопшто претставена пред јавноста на јавна расправа! Постои исто така друга Студија, која се однесува за двете концесии споени во едно, иако никогаш не било одобрено спојување. Оваа Студија ги идентификува негативните влијанија врз животната средина, бидејќи се работи за една од најопасните и најзагадувачките технологии во светот, какви што имаат предизвикано 30-на еколошки катастрофи во последниве децении, поради што се забранети во редица држави! Но, и покрај тоа, Студијата предлага да се прифати проектот. Сепак, до денешен ден не е донесено Решение за прифаќање на Студијата од страна на Министерството за животна средина, поради што не може ни да се издаде дозвола за експлоатација.

Петто, целосниот концепт за Иловица, преточен во рударски проект, се состои од дел за површинско ископување на рудата и дел за нејзина преработка во огромен базен на отворено со раствор на цијаниди. Но, со измените на Законот за минерални суровини од 9.1.2019 година, забранета е употреба на цијаниди и сулфурна киселина во рудници со површински коп. Ова значи, дека се беспредметни сите документи што се однесуваат на технолошкиот процес, а беспредметно станува и прашањето ДАЛИ ќе се прави таков рудник, спротивно на закон“, пишува во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Коциќ: Укинато спојувањето концесии за рудникот „Иловица“

За Иловица ќе се расправа на следната владина седница

Протест во Струмица против отворање на рудник во Иловица и Штука, „Еуромакс ресоурцес“ тврди: Нашата безрезервна подготвеност да се формира „Независно Мониторинг Тело“

Горан Наумовски

Министерство за економија: Нема да дозволиме отворање рудник во Иловица без одобрение од локалното население

Предраг Петровиќ

Струмичани гневни на Владата: Протести поради одлуката да се спојат двете концесии за рудник за бакар и злато во Босилово и во Ново Село

Орце Костов

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси