ДОМ испрати писмо до Зелените од Бугарија за референдумот за изградба на нуклерна електрана

Од:

Демократската обнова на Македонија испрати писмо до политичката партија на Зелените во Бугарија по референдумот за развојот на нуклеарната енергија и запирање на изградбата на Белене или некоја друга нуклеарна електрана што во неделата се спроведуваше во Бугарија.

– Од резултатот се гледа вашето тврдење и вистинитост дека околу ова прашање во Бугарија постои медиумски мрак и дека населението, токму поради тоа, не може да изгради конкретен став што го покажува процентот на излезеност на референдумот. Нас како Зелени секако дополнителна загриженост треба да ни предизвика и високиот процент на поддршка од излезените гласачи на референдумот, стои во писмото.

Тоа, како што е наведено, треба да ни биде дополнителен стимул за уште поинтензивна акција.

– Тоа е наша должност и обврска пред сегашните и идните генерации да ја подигнеме свеста кај населението и кристално јасно да ги објасниме опасностите од нуклеарната енергија и да понудиме одржливи проекти и решенија, се вели во писмото од ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов