ДОМ: Институциите да ја спречат нелегалната сеча на шумите

Од:

Зелената партија ДОМ бара Шумската полиција и ЈП Национални шуми да ги интензивираат сите активности за спречување на нелегалната сеча на шумите.

ДОМ апелира МВР да обезбеди асистенција при откривање на дрвокрадците, а надлежните правосудни институции нивно ефикасно санкционирање.

„Загрижуваат објавените информации за зголемена нелегална сеча на Плачковица, дури и за време на полициски час. Додека целото општество е посветено на справување со корона кризата, дрвокрадците продолжуваат да ги пустошат шумите. Истражувањата покажуваат дека финансиската штета поради нелегалната сеча во Македонија изнесува околу 10 милиони евра годишно. Но, штетите по животната средина, климата и здравјето на луѓето се непроценливи“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски