ДОМ: Илинден е темелот на македонската држава

Од:

ДОМ им го честита Илинден на сите граѓани на Република Македонија и на сите Македонци во светот. На овој ден ги славиме двата историски Илиндена, 114 години од Крушевскиот и првата република на Балканот, но и 73 години од АСНОМ-скиот, со кој Македонија се здоби со државност, се наведува во честитката од ДОМ.

– Илинден е темелот на македонската држава и не обврзува сите како граѓани со должна почит да го одбележиме. Да ги оставиме настрана политичките разногласија и дебати и да се обединиме околу заедничките желби за напредок и успешност на нашата земја. Да останеме отворени кон сите пријатели што подаваат рака и да покажеме, како многу пати досега, дека Република Македонија е дел од Европа и заслужува да биде и формално дел од европското политичко семејство. Нека ни е честит Илинден!, истакнуваат од ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака