ДОМ: Градоначалниците да ја поддржат Декларацијата за зелени општини

Од:

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) ги повикува сите градоначалници и советници избрани на локалните избори 2013 да ја поддржат Декларацијата за зелени општини.

– За поздрав и поквалитетен живот треба да се создадат услови за зелени општини по мерка на граѓаните, рече денеска на прес-конференција претседателката на ДОМ Лилјана Поповска.

Декларацијата предвидува доследна примена на Законот за животна средина и другите еколошки закони, борба против сите видови загадување (воздух, вода, почва, бучава), одржливо управување со отпадот и водите, заштита и проширување на зелените површини, паркови и места за рекреација, подобрување на сообраќајот и јавниот транспорт според еколошки стандарди, со изградба на велосипедски и пешачки патеки, штедење енергија, примена на обновливи енергии и енергетска ефикасност во јавниот и приватниот сектор, отворање зелени работни места и зелени бизниси во општините.

ДОМ предлага и  естетски урбанистички решенија согласно еколошки стандарди, подобри услови за престој и згрижување на децата и постарите лица и вклучување на лицата со посебни потреби и другите маргинализирани групи во сите текови на општественото живеење, чување на разновидноста и автентичноста на природното и културното наследство, современ и хуман третман на бездомните животни според светските стандарди, како и подигање на јавната еколошка свест преку едукација на локалните општински служби, бизнис секторот и граѓаните.

Би можело да ве интересира

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов