ДОМ го поздравува носењето на правилниците за енергетска ефикасност на зградите

Од:

ДОМ го поздравува носењето на Правилниците за енергетска ефикасност на зградите и за енергетска контрола, кое е дел од програмските приоритети на партијата, договорен коалиционо пред парламентарните избори 2011.

– Убедени сме дека енергетската ефикасност е еден од врвните приоритети на Македонија за постигнување енергетска стабилност и безбедност.

– Со нејзина примена во градежништвото, контролата и енергетските пасоши на објектите, сопствениците на станови ќе плаќаат помали сметки за струја и над 50 отсто, ќе се намали увозот на електрична енергија  кој последниве години е близу 60 милиони евра годишно, ќе има значителна заштеда во Буџетот, ќе се отворат нови зелени работни места,  но и значително ќе се намали загадувањето на животната средина, особено во урбаните средини, рече на прес-конференцијата портпаролот на ДОМ, Маја Морачанин.

Од ДОМ ги охрабруваат институциите да продолжат со мерките насочени кон развој на зелената економија и сугерираат уште порешителни активности во таа насока, потенцира портпаролот на ДОМ Тони Ристов.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов