ДОМ го поздравува исходот од дијалогот за високото образование

Од:

ДОМ го поздравува исходот од дијалогот за високото образование, инициран од УКИМ и прифатен од Владата, а со учество на претставници од студентскиот и професорскиот пленум. Со ова, велат од партијата, се исполнети и нашите јавно искажани барања за повлекување на предложениот закон и изработка на нов.

– Сметаме дека е логичен и рационален договорот за изработка на нов закон, со истовремено ставање настрана на спорните одредби, во една истрауматизирана ситуација кога ќе се блокираше целиот сектор. ДОМ ќе се вклучи во дебатите при изработката на новиот текст, залагајќи се, како и досега, за поквалитетно образование, достоинствен статус на професорите и студентите, повеќе средства за науката и формирање Министерство или друга институционална форма, посветена исклучиво на науката и високото образование, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог