ДОМ го повторува ставот за потреба од една изборна единица

Од:

ДОМ го повторува својот став дека е потребна промена на изборниот модел во една изборна единица без праг, со отворени листи и еднаков број жени и мажи на нив.

„Ги повикуваме „големите“ политички партии кои преговараат за изборниот модел да си достојат на декларираните заложби за демократизација на Република Македонија. Овој процес води директно преку плурализација на политичката сцена и создавање услови за слободно изјаснување на гласачите.

Кој е искрено за политички плурализам, ќе поддржи една изборна единица! За да има секоја граѓанска групација во општеството можност за избор на свои претставници во македонското собрание. Тоа ќе биде мудра одлука, сосем различна од дневно-политички удари на „помалите“ партии, кои се осмелиле да постојат прво, а потоа и да имаат своја идеологија, програма и борба. Борба, која значи дека во одредени случаи ќе имаат и различен став од коалицијата во која се наоѓаат“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација