ДОМ го осуди убиството на момчето во Ѓорче Петров

Од:

ДОМ изрази жалење и сочувство до семејството, роднините и пријателите на младиот Ангел и ги повика институциите на системот што е можно поскоро да го донесат пред лицето на правдата сторителот на овој брутален чин. Од политичките фактори во Македонија очекуваат едногласно да го осудат убиството и да се заложат за смирување на состојбата, која, велат, може да ескалира.

– Како граѓани мораме да покажеме висок степен на толеранција и верба во капацитетите на институциите дека ќе се справат брзо и ефективно со девијантните појави, за што од ДОМ имаат поддршка. Истакнуваме дека и во овие тешки моменти, единствениот пат кој е вистински е оној на правдата, правото и мирот. На агресијата и насилството не смее да биде вратено со насилство и агресија, а чувството на гнев не треба да ја потисне рационалноста на граѓаните, вели портпаролот на ДОМ Тони Ристов.

ДОМ со апел и до медиумите да се придржуваат до етичките стандарди при објавување вести поврзани со овој трагичен случај.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски