ДОМ: Еколошка победа – рудник во Иловица нема да има!

Од:

Зелената партија ДОМ ја поздравува синоќешната одлука на Владата за едностраното раскинување на Договорот за концесија за рудникот на бакар и злато во Иловица, Општина Босилово.

„Ова е голема еколошка победа како резултат на чесната борба на Зелената партија ДОМ и на граѓанските активисти против отворањето на рудниците во Казандол и Иловица, во интерес на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Ваквата одлука на Владата ја сметаме и како резултат на институционалната борба на ДОМ, како еден од иницијаторите за донесување на измените на законот за минерални суровини, подготвени од пратеничките, Маја Морачанин и Лилјана Поповска, со кои се забранува употребата на цијаниди и сулфурна киселина во рудници со отворен коп“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов