ДОМ: Една изборна единица, со 50 проценти жени на листите

Од:

ДОМ во поглед на изборниот модел со една изборна единица, предлага Изборниот законик да се промени и со одредба за 50 проценти жени и мажи на листите.

– Ова е главна поента на кампањата на Форумот на жени на ДОМ, започната на 8. март годинава. Истовремено, ова е и заложба на Обединетите нации, како препорака до сите земји, за да се постигне родова рамноправност, се вели во денешното соопштение од ДОМ.

Што се однесува до моделот на една изборна единица, според ДОМ, тоа значи поправедна распределба на пратеничките места на повеќе политички субјекти, без изгубени гласови.

– Тоа води до пошаренолика политичка сцена и намалување на длабокиот јаз помеѓу двете најголеми опции. Владите што би се формирале би биле  похетерогени, со поголема демократичност, толеранција и слух за потребите на различни општествени групи,стои во соопштението.

Во соопштението од ДОМ посочуваат дека отворените листи значат слобода на избор на граѓаните при гласањето, зашто ќе се цени и личноста, а не само партијата.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата