ДОМ: Договорот е основа за демократизација на земјата

Од:

„ДОМ го поздравува договорот за разрешување на политичката криза во Македонија и го смета за основа за демократизација на земјата. Договорот содржи повеќе елементи за политичка кохабитација и споделена одговорност во транзициониот период: преодна влада, враќање на опозицијата во парламентот, јавен обвинител кој ќе ги  истражи  прислушкуваните разговори, суштинска контрола на важни институции, подготовка и спроведување на демократски и слободни избори.

ДОМ уште на почетокот на кризата се залагаше за мирна разврска низ дијалог, за што конкретно придонесе и со своето излегување од владината коалиција. Задоволни сме што и нашите заложби, заедно со заложбите на целата македонска демократска јавност, се на пат да се реализираат.

Договорот е широка политичка рамка, но ДОМ очекува дека при нејзиното спроведување ќе сопрат редица негативни процеси. За нас е особено важна еколошката компонента и затоа ДОМ бара во овој транзициски период да запре сечата на дрвја во градовите и по планините и да се донесе Законот за зеленило со консензус! По две одбивања на нашиот предлог, нека биде ова ТРЕТА СРЕЌА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЗЕЛЕНИЛО!“, се вели во соопштението на ДОМ

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација