ДОМ: Дали Управниот суд ја крие пресудата за Иловица?

Од:

„Зелената партија ДОМ е крајно загрижена по објавувањето на информацијата во медиумите дека Управниот суд донел пресуда во полза на компанијата „Еуромакс Рисорсис“ на 31 март оваа година, среде пандемија и вонредна состојба. Со неа се поништува одлуката од второстепената владина комисија за одбивање на дозвола за експлоатација на рудникот Иловица.

Ја побаравме пресудата на официјалната страна на Управниот суд, за да дознаеме врз база на какви „аргументи“ е поништена една правнички чиста одлука, која беше основа и за одземање на концесијата од страна на Владата. Но, пресудата не можевме да ја најдеме. Ќе ја побараме по официјален пат, повикувајќи се на Законот за пристап до информации од јавен карактер“, се вели во соопштението на ДОМ.

„А во меѓувреме, јавно прашуваме: Дали Управниот суд ја крие пресудата за рудникот Иловица и зошто? Доколку е така, ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупција да постапи по допрен глас и да се заинтересира дали се крие корупција зад ваква скандалозна пресуда и кој се е вклучен во неа?

Македонските екологисти не прифаќаат бизнис на сметка на здравјето и заштитата на животната средина. Борбата против отворање рудник во Иловица, среде плодни полиња, ќе продолжи“, соопштуваат од ДОМ.

Би можело да ве интересира

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он