ДОМ: Дали градоначалникот на Гази Баба го прочитал Законот за зеленило?

Од:

„По реакциите на граѓани од општина Гази Баба поради сечата на стари дрва во Железара, заради изградба на паркинг, ДОМ јавно го прашува градоначалникот на таа општина:

Прво, дали го прочитал законот за зеленило? Претпоставуваме не, инаку би знаел дека со закон е забрането сечење на капитални примероци, какви што се оние 40-годишни дрва што ги исекол. Законот пропишува и прецизна процедура за било какво сечење дрва, која очигледно не е испочитувана!

Второ, дали ги видел монтажните паркинзи во Капиштец и Аеродром, на пример? Претпоставуваме не, инаку би знаел дека на евтин, брз и еколошки незагрозувачки начин го удвојуваат бројот на места за паркирање!

Трето, дали знае колку се скапоцени тие дрва токму за Железара, која со денови се гуши од „недефинирано“ загадување на воздухот? Претпоставуваме дека не е свесен, инаку не би го направил тоа!

ДОМ бара од градоначалникот на Гази Баба да се информира за законите, процедурите и значењето на урбаното зеленило! Наместо да го уништува, бараме да го зачува и зголеми, зашто Скопје е далеку од стандардот на 25 м2 зеленило, зацртано во Законот!“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

Голем пожар во Парк шумата Гази Баба блиску до Природно математичкиот факултет

Горан Наумовски

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица