ДОМ: Да престане индустриското загадување во Скопје

Од:

Демократската обнова на Македонија – ДОМ инсистира да престане индустриското загадување во Скопје, кое ги погодува сите жители на градот, а не само оние кои живеат во непосредна близина на Железара.

ДОМ бара редовна контрола на депонијата „Вардариште“ која официјално е вон употреба, а од каде се шири неподнослива миризба на запалени гуми и пластики во Маџари, Аеродром и Лисиче.

Ова на денешната прес-конференција го истакна Златко Јордановски од Комисијата за екологија на ДОМ. Тој побара да се спроведе Законот за животна средина, според кој сите фирми треба до април 2014 година да се прилагодат на европските еколошки стандарди.

– Се противиме на барањата на металуршките комбинати за одложување на роковите за уште пет години, зашто загадувачките материи кои неконтролирано се испуштаат во околината ја уништуваат и животната средина и здравјето на луѓето што е евидентно од енормниот пораст на малигните и други видови тешки заболувања. Неприфатлив е ставот на овие загадувачи упорно да одбиваат да одвојат 1 отсто од својот годишен профит за здравјето на вработените и околното население, со што трајно би ги решиле проблемите со загадувањето, рече Јордановски.

Инсистираме, потенцира тој, да се доопремат инспекторатите со стручен кадар и опрема, да се изврши реорганизација и воведување двосменско работење со задолжителни дежурства за време на празниците.

– Бараме да се доопреми лабораторијата во Министерството за животна средина и да се зголеми бројот на мерни станици за следење на квалитетот на воздухот, водата и почвата, како и бројот на задолжени лица за постапување во опасни ситуации, рече Јордановски.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски