ДОМ: Честитка за Ван дер Белен, новиот претседател на Австрија од редовите на Зелените

Од:

По повод изборот на Александер Ван дер Белен за нов претседател на Австрија, кој е поранешен лидер на Зелените, претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска испрати честитки до него лично и до сестринската партија на австриските Зелени.

Во честитката се истакнува дека ова е успех на умерената, прогресивна и толерантна политика што е карактеристична за европските зелени партии, чиј идеал е обединета Европа. Ова е и најголем успех на Зелените во Европа досега, со што Австрија го доби првиот претседател на држава од нивните редови.

Упатувајќи најсрдечни желби за успешно извршување на оваа одговорна функција, партијата ДОМ, како членка на европското семејство на зелени партии, ќе продолжи со натамошна интензивна пријателска и конструктивна соработка со Зелената партија на Австрија, во интерес на своите земји и на европската идеја.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација