ДОМ: Богданци на референдум за чиста економија

Од:

„ДОМ ги поддржува граѓаните на Богданци да излезат на референдумот против рудникот и да му кажат одлучно НЕ! Убавото и сончево Богданци не е место за валкани технологии кои трајно ќе ја уништат животната средина и здравјето на луѓето.

Наместо рудник со лужење на рудата во базени со киселина, граѓаните имаат шанса да изберат здрав живот со практикување модерни и чисти технологии, како што се ветерници, сончеви панели за топла вода и производство на струја, современо органско земјоделие и преработка, рурален туризам како и информатички технологии.. Дел од оваа зелена економија веќе се применува во регионот, а има огромни можности за проширување, со силна поддршка од домашниот буџет и европски фондови за рурален развој.

Конечно, во Македонија мора да се напушти принципот на било какво вработување, па и по цена на здравјето, какво што нудат поддржувачите на отворање рудници со валкани технологии. Вистинските потенцијали на Богданци, исто како и на Гевгелија, Валандово, Дојран и сите наши региони, лежат во чистата и одржлива зелена економија, која обезбедува и работа, и здравје!“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Богданци и околината

Горан Наумовски

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Маж од Богданци осомничен дека силувал малолетничка

Горан Наумовски

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски