ДОМ бара одговор за загадувањето од Железара

Од:

ДОМ денеска на прес-конференција побара од инспекциските служби во Министерството за животна средина и просторно планирање и Градот Скопје да кажат, кој, како што велат, е фантомскиот загадувач во Железара.

Христина Оџаклиеска, потпретседател на комисијата за екологија на ДОМ истакна дека двете најголеми фирми во кругот на поранешна Железара, Макстил и Скопски Легури тврделе дека не работат веќе три месеци и оти тие не загадуваат.

– Но, и со голо око се гледа експлозија од прав и гасови кои го трујат населението во Гази Баба и Бутел, па и пошироко, секоја вечер, рече Оџаклиеска.

ДОМ, додаде таа, ќе продолжи и понатаму да биде дежурна еко-патрола се додека не се исчистат сите 16 жешки точки во Македонија и не се обезбедат квалитетни услови за живот.

Оџаклиеска истакна дека ДОМ ќе побара средба со општинските инспекции во Гази Баба и Бутел, во Градот Скопје и во Министерството за животна средина и просторно планирање да се иницира поголема мобилизација на инспекциските служби и да се казнуваат оние кои неодговорно се однесуваат кон средината во која живееме и работиме.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски